fbpx

Запознајте го Виктор Дојчиновски – ментор по Front-end програмирање

Jul 5, 2023 | Новости | 0 comments

Што е Front-end?

Секојдневно уживаме во употребата на бројни веб страни и апликации од нашите дигитални уреди и посветуваме голем дел од нашето време на нив. Зад ова искуство се крие експертизата на Front-end девелоперите. Тие посветуваат внимание на деталите и обезбедуваат беспрекорна навигација, неверојатни визуелни слики и интуитивни интерфејси кои го крадат нашето внимание и не тераат да одвојуваме повеќе време со крајна цел да го конвертираат корисникот. Со други зборови тие се архитекти на исклучителни онлајн патувања што не поттикнуваат да се враќаме за повеќе. 

Во денешниот Q&A разговараме со нашиот ментор на Академијата за Frond-end програмирање Виктор Дојчиновски, кој има долгогодишно искуство во оваа област и долови што нуди оваа кариера. 

Кои се основните вештини и алатки потребни за да се подобрите како Front-end developer?

За Front-end developer, постојат три основни вештини (програмски или структурни јазици), но и голем број алатки на кои треба да се фокусирате. Вештините кои треба да ги совладате се позавање на следниве три јазици:

HTML: Разбирањето и совладувањето на HTML е од клучно значење за структурирање на содржината на веб-страниците.

CSS: Умешноста во CSS ви овозможува да стилизирате и дизајнирате веб-страници, правејќи ги визуелно привлечни.

JavaScript: Учењето JavaScript е од суштинско значење за додавање интерактивност и динамична функционалност на веб-локациите.

Сепак, покрај овие три вештини треба да владеете со голем број помошни алатки, за да можете полесно и поефикасно да развивате софтвер. Така на пример, тоа се:

CodeEditor – софтвер наменет за пишување код: ваквите алатки во голема мера го олеснуваат пишувањето на код, преку помошни процеси, како на пример, давање сугестии, автоматско довршување на одредени команди…

Git – алатката за верзионирање: помага да ги следите промените во вашаиот код.

Dev Tools – алатки за помош при отстранување на грешки (bug-ови): едни од најупотребуваните се на пр., Chrome DevTools

Task Runner-и и Build Tool-ови: тука би ги набројал Grunt, Gulp, Webpack… тоа се алатки кои служат за автоматизирана оптимизација на кодот, а со тоа и рационализација на процесот на развој.

Секако, а можеби и намерно, пропуштам голем дел од нив, а причината за тоа е огромниот број на процеси кои се дел од процесот на развој на софтвер. Но, секако, познавајќи ги добро гореспоменатите, веќе сте на добар пат.

Како Front-end програмирањето помага за целокупното корисничко искуство?

Програмирањето на Front-end делот игра клучна улога во целокупното корисничко искуство (UX) на веб-сајтот или веб-апликацијата. Еве неколку примери за тоа:

Респонзивност: Front-end-от овозможува создавање на т.н респонзивен веб дизајн кој се прилагодува на различни големини на екран и уреди. Ова осигурува дека корисниците можат беспрекорно да пристапуваат и да комуницираат со веб-локацијата, без разлика дали користат десктоп, таблет или мобилен уред.

Интерактивност: со помош на JavaScript програмскиот јазик, програмерите можат да додадат интерактивни елементи и функционалност на веб-сајтот. Ова вклучува функции како што се валидација на формулари, ажурирања на податоци во реално време, динамично вчитување содржина и анимации. Овие интерактивни компоненти го прават искуство на корисниците попријатно и поинтуитивно.

…секако и многу повеќе.

Накратко, програмирањето на Front-end-от  директно влијае на тоа како корисниците комуницираат и го перцепираат веб-сајтот или веб-апликацијата и придонесува за подобрено корисничко искуство.

Можете ли да споделите некои примери од реалниот свет каде Front-end програмирањето игра клучна улога во постигнувањето на бизнис целите?

Front-end-от игра клучна улога во постигнувањето на деловните и социјалните цели низ различни индустрии и сектори. Еве неколку примери:

E-commerce веб-сајтови: сајтови наменети за вршење on-line трговија, како на пример Amazon.

Социјални апликации: апликации од типот на Facebook, Twitter, Instagram

Сајтови за едукација: тоа се сајтови на кои можете да публикувате едукативна содржина, како на пример Udemy, Packt итн.

Секако, можностите се неограничени.

Кои се моменталните трендови и новите технологии во Front-end програмирањето?

Програмирањето во целост, а особено Front-end програмирањето рапидно се развива, така што трендовите кои што биле најнова технологија пред 2-3 години веќе може да се сметаат за застарени. Сепак како релативно нови трендови гледано глобално можеме да ги наброиме следниве: 

  • Користење на библиотеки и фрејмворкс (frameworks) како на пример React.js, Angular, Vue итн.
  • Прогресивни веб апликации (PWA) кои овозможуваат самата веб апликација да наликува на Desktop апликација, на тој начин што се достапни и во offline модус на работа
  • Серверлес (serverless) архитектура, која што овозможува редефинирање на начинот на кој што се менаџира со сервисите потребни за некои функционалности.

… и некои други, со кои би се запознале во текот на академијата.

Како наставната програма на академијата се грижи за почетниците истовремено и за поискусните програмери?

Во суштина програмата подразбира започнување од почеток, што би значело инсталирање на потребниот софтвер, како на пример, инсталирање код едитор и некои помошни додатоци за него (plugin-и), потоа креирање потребни кориснички сметки, како на пример корисничка сметка на Github, користење на библиотеки од типот на HTML5Boilerplate и React на тој начин што ќе бидат претставени со основните но и понапредните функционалности. 

Според тоа, структурата е направена да ги задоволи двете групи.

Какви проекти можат да очекуваат студентите за време на академијата?

Проектите кои ќе бидат дел од академијата, ќе бидат проекти кои што би биле налик на оние кои што јас низ моето долгогодишно искуство сум имал потреба да ги изработам за конкретен клиент. Во текот на академијата секако, сложеноста на проектите ќе се зголемува, така што при крајот целта е да можеме да изработиме веб-сајт со веб страни налик на некои од поубавите веб сајтови.