fbpx

Запознајте го Веле Новески– ментор на Академијата за Full Stack .Net developer и почетниот курс за програмирање

Nov 22, 2023 | Новости | 0 comments

За почеток Веле кажи ни нешто повеќе за себе. 

Здраво, јас сум Веле Новески од Охрид и со програмирање се занимавам повеќе од 7 години. Високото образование во областа на ИТ го стекнав на интернационалниот универзитет за ИТ Технологии и Науки „Св. Апостол Павле” во Охрид каде што се оформив како програмер со потребните знаења и почетно искуство. Предаденото знаење од странските професори ме мотивираше да напредувам во оваа професија.  Искуството го стекнав со работа на многу проекти од различни области.

Во тек се уписите за Академијата за Full Stack .Net developer (Online) чиј почеток е во февруари 2024 година. Што би им препорачал на идните студенти, а што на оние кои се мислат дали оваа академија е правиот избор за нив? 

На идните студенти на Aкадемијата за Full Stack .Net developer би им препорачал да не чекаат и да не се двоумат затоа што токму преку оваа академија која нуди одлична програма може да стекнат знаење и искуство и полесно да добијат пракса или вработување во некоја од познатите фирми за програмирање кај нас. 

Наскоро започнува и групата за Почетен курс за програмирање (Online), за кој уписите се сеуште во тек. За кого е наменет овој курс и што може да очекуваат студентите да научат на него?

Овој почетен курс за програмирање е наменет за апсолутни почетници така што предавањата ќе бидат насочени кон запознавање со проблематиката и до совладување на материјалот кој се предава чекор по чекор за на крајот да можат самостојно да изработат една web апликација користејќи HTML, CSS и JavaScript.

Зошто програмирање? Зошто ти ја избра оваа кариера и зашто ја препорачуваш на другите? 

Уште од завршувањето на средното образование јас веќе бев насочен кон програмирањето и градење на кариера како програмер. Програмињето е нешто што те турка до крајни лимити на интерактивно и иновативно размислување со кое можеш да направиш свој софтверски производ. Ја одбрав оваа професија затоа што е многу ценета и вреднувана за разлика од останатите професии на пазарот на труд и секако платена онолку колку што е платено и во светот. Ја препорачувам оваа професија на сите, а на оние кои немаат завршено ИТ факултет им препорачувам да се запишат на Академијата за Full Stack .Net developer или почетниот курс за програмирање и да веруваат во себе дека ќе успеат.

Која е тајната за да се стане добар програмер? 

Талентот во целост не е клучен фактор, но посветеноста и вложениот труд на крајот се исплатат. Како совет можам да посочам дека секој кој сака да биде програмер никогаш не треба да ужива во комфор зона, туку да се труди, да истражува повеќе, да учи и што е најважно да се соочува со предизвиците. 

Дали е лесно да се најде работа како програмер кај нас и како се платени програмерите?

Моментално но и во иднина програмерите се најбарани и ќе бидат најбарани на пазарот на труд. Работа се наоѓа лесно, а како место за наоѓање работа, вмрежување и прикажување на своите работни вештини ќе го споменам LinkedIn и ги советувам идните студенти да имаат еден ваков профил. Платите се движат прилично солидно за почетници од 1200 евра па нагоре.