fbpx

Запознајте го Андреј Рудовски – ментор на академијата за дигитален маректинг

Aug 10, 2023 | Новости | 0 comments

Време е да ве запознаеме подетално со нашите ментори.

Денес разговараме со Андреј Рудовски, ментор на Академијата за Дигитален Маркетинг кој воедно е и оснивач на маркетинг агенцијата SkyBlueMedia а зад себе има и многу успешни проекти пред се во полето на SEO.

Ни дава детални одговори за што може студентите да очекуваат од самата Академија, а и какви можности нуди полето на Дигитален Маркетинг.

 

За почеток Андреј, кажи ни повеќе за тебе?

 

Здраво, јас сум Андреј, SEO специјалист (дигитален маркетер), косопственик на SkyBlueMedia – агенција за дигитален маркетинг и веб дизајн. Дигиталниот маркетинг во целина е мојата страст, а она што ме мотивира да работам во ова поле е мојата и желбата на тимот на SkyBlueMedia да им помoгнеме на бизнисите да го достигнат својот максимален потенцијал и пробуваме да го едуцираме нашиот пазар што е SEO и колку многу може да помогне во пронаоѓање потенцијални клиенти.

 

Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат бизнисите во нашата земја кога станува збор за Дигиталниот Маркетинг?

 

Недостаток на свест и обука. Македонија е релативно нова во дигиталниот маркетинг, па многу бизниси сеуште не го разбираат потенцијалот и важноста на оваа област. Недостатокот на свест и разбирање за дигиталниот маркетинг може да биде голем предизвик за бизнисите во примена на ефективни стратегии и техники.
Во денешната дигитална ера, дигитализацијата на бизнисите е неопходна за нивен опстанок. Процесот на нивна дигитализација во голема мера го убрза и Covid пандемијата, а со тоа голем број од бизнисите во нашата земја преминаа преку доста предизвици од дигиталната сфера како што се присутноста на социјалните медиуми, веб-страни со on-line продавници итн.

 

Како Академијата за Дигитален маркетинг во Change може да им помогне на бизнисите да ги надминат овие предизвици?

 

Академијата за Дигитален маркетинг во Change има за цел да извади уникатен кадар за бизнисите односно дигитални маркетери кои ќе бидат одлично обучени како да им помогнат во остварувањето на нивните цели преку иновативни и ефективни маркетинг кампањи.

 

Како ќе изгледа целиот тек на Академијата, што е предвидено со програмата и што следува за најдобрите?

 

Програмата за академијата по која ќе се водиме е истакната на веб-страната,таа е во целост прилагодена според моменталните потреби и побарувања на компаниите во нашата земја. Предавањата ќе бидат организирани 3 пати неделно по 2 часа, студентите ќе добиваат домашни задачи и ќе бидат дел од реален проект кој јас со мојата компанија го спремаме само за студентите на оваа академија. Низ овој проект тие ќе можат навистина да се соочат со светот на дигиталниот маркетинг и да добијат реално и релевантно искуство кое ќе можат да го наведат во своето CV.

 

Кои се некои од најважните вештини за дигитален маркетинг што треба да ги совладаат студентите за да бидат успешни?

 

Би кажал дека најважни се аналитички вештини каде што студентите треба да бидат способни да анализираат податоци и да ги искористат за да го разберат и оценат ефектот на нивните маркетинг кампањи, комуникациски вештини каде што студентите треба добро да комуницираат, да можат да ги пренесат своите идеи и пораки на јасен и ефективен начин и да имаат способност за учење и приспособување затоа што дигиталниот маркетинг е динамично поле кое се менува со брзина на светлината.

 

Кои се најновите трендови во дигиталниот маркетинг за кои новите Дигитални маркетери а и бизнисите треба да бидат свесни?

 

Најнов и најактуелен тренд во дигиталната сфера воопшто е AI технологијата. Со нејзиното појавување веќе многу работи не се исти, а некои дополнително ќе се менуваат. Се што треба да знаат оние кои се заинетерсирани за дигитален маркетинг или оние кои веќе се навлезени во него дека не треба да се плашат од AI туку треба да се едуцираат и во тоа поле и паметно да го искористат, сигурен сум дека ќе бидат задоволни од резултатите.

 

Каков совет би им дале на идните студенти на Академијата за Дигитален Маркетинг?

 

Совет кој би го дал на секој еден студент на Change academy во целост, па така и на моите идни студенти на академијата за дигитален маркетинг е дека треба да бидат мудри и да посветат голем дел од своето слободно време и да го искористат за да стекнат што повеќе знаење, да се активни, да прашуваат, да комуницираат меѓусебно и да учат од моето искуство и искуствата на менторите на другите академии кои ние несебично ќе ги споделиме со нив.

 

SPIN TO WIN!

  • Испобај си ја среќата за да добиеш ваучер за било која од нашите академии!
  • Едно вртење од маил.
  • Без мамење!
Сврти го тркалото