fbpx

За Нас.

CHANGE ACADEMY

Нашата приказна.

Change Academy е комплетен организиран процес кон вашата дигитална кариерна трансформација.

Ние сме тим од искусни програмери и дигитални маркетери кои имаат страст да им помагаат на луѓето да влезат во IT светот и да ги почувствуваат бенефитите на дигиталната слобода.

Студентските програми се интерактивни и компетитивни, креирани во соработка со респектирани IT компании и истите се наменети за комплетни почетници кои после 7 месеци едукација и 3 месеци пракса, би станале вешти програмери во различни програмски јазици и технологии кои се најбарани на пазарот.

Менторите, сениори во своите области, се целосно посветени кон вашиот студентски напредок и истите несебично ги споделуваат своите технички вештини како и лични искуства за ваше полесно инкорпорирање во IT секторот.

Без разлика дали сакате да почнете комплетно нова кариера, да изградите веб страница или апликација за вашиот личен бизнис или едноставно сте средношколци кои во моментов размислувате за вашето кариерно насочување, Change Academy е местото каде ќе се остварат вашите цели.

Програмите на Change Academy се креирани според најбараните и најплатените работни позиции во IT секторот и истите вклучуваат:

  • теоретска и практична настава
  •  менторирање од сениори во своите области
  • работа на реални проекти за клиенти
  • сертифицирање
  • подготовка за интервјуа во IT компании
  • пракса/вработување

До кариерна промена од соништата те дели само една вистинска одлука!

Тим

Нашиот тим.

Student Coordinator

Паола Мале

Процесот на студирање се одвива организирано благодарение на Паола. Таа е вашата поддршка и примарен контакт со Change Academy за сите ваши прашања и грижи поврзани со академијата. Одговорна за ред и дисциплина на студентите, прв филтер на вашите домашни и проектни задачи и најголем фан на студентските успеси.

HR Manager & Recruiter

Стојан Рашков

Стојан е одговорен за процесот на селекција на потенцијалните студенти на академијата, како и процесот кој следи по вашето завршување на истата. Тој е линкот со ИТ компаниите кои преку него дознаваат за вашиот професионален напредок. Ве охрабрува на успешно завршување на модулите и проектите, а на крајот ќе ви даде професионални насоки како успешно да се претставите пред ИТ компаниите.

Full Stack МЕНТОР

Верица Матовиќ

Верица е Магистар по компјутерски науки и инженерство, како и поранешен асистент на ФИНКИ за оперативни системи и објектно-ориентирано и структурно програмирање. Таа ќе биде вашиот Full Stack .Net ментор која овој програмски јазик го работи повеќе од 5 години.

Software Testing Manual МЕНТОР

Ања Ристовска

Ања е Магистар по информатичка технологија. Работи како Senior Software Tester и Scrum Master во интернационална IT компанија веќе 6 години. Ентузијаст кој несебично ќе ви ги пренесе своите знаења и вештини поврзани со software testing & QA, но и детално ќе ви ја долови атмосферата во работењето по Agile методологија.

Дигитален маркетинг МЕНТОР

Андреј Рудовски

Андреј е SEO специјалист и ко-основач на SkyBlueMedia – веб дизајн и дигитален маркетинг агенција. Има страст за постигнување резултати преку иновативни и ефективни маркетинг стратегии. Како ментор на Академијата за дигитален маркетинг, Андреј е посветен на споделување на неговото знаење и експертиза за да им помогне на новите дигитални маркетери да постигнат успех.

Графички дизајн МЕНТОР

Стефан Аќимовиќ

Стефан е искусен и докажан сениор графички дизајнер, со локално и интернационално професионало искуство.

Образованието го има има стекнато на данската академија за мултимедија дизајн и комуникации KEA, и веќе шест години работи во тој сектор.

Како ментор за графички дизајн, тој од прва рака ќе ви го пренесе знаењето, алатките, предизвиците и корисни совети како да напредувате во понатамошната кариера како графички дизајнер.

Front-end МЕНТОР

Виктор Дојчиновски

Виктор е дипломиран електроинженер кој има повеќе од 15 години програмерско искуство во домашни и интерационални комапнии. Како senior Front-end developer работи повеќе од 10 години. Специјалност му се JavaScript и React.

Chief Operating Officer

Јоцо Алексов

Јоцо е ко-основач на Change Academy и одговорен за непречено и квалитетно работење на академијата. Ги иницира и обезбедува студентските програми според потребите и побарувачката на ИТ пазарот, ги зацврстува соработките на академијата со ИТ компаниите и се радува на секоја позитивно променета кариера. Code your freedom!

SPIN TO WIN!

  • Испобај си ја среќата за да добиеш ваучер за било која од нашите академии!
  • Едно вртење од маил.
  • Без мамење!
Сврти го тркалото