fbpx

Што треба да знаеш пред да станеш графички дизајнер

Oct 16, 2023 | Новости | 0 comments

Графичкиот дизајн е кариера која бара креативност. Вашите инетереси и желба за успех се најважни, но клучни се и вашата страст кон оваа област, трпението и потребата да сте во тек со сите нови трендови. Доколку размислувате дали ова е кариера за вас, еве неколку работи што треба да ги знаете пред да донесете одлука:

 

1. Треба стратешки да се пристапи кон дизајнирањето

Да се издизајнира нешто само да изгледа убавo е добро. Но кариерата графичките дизајнери не ја прават од заслепувачки билборди кои само изгледаат убаво.

Добриот дизајн оди подалеку од само естетика и игра клучна улога во создавањето на визуелен јазик кој ги пренесува информациите и идеите на јасен, концизен, визуелно привлечен начин со цел да се постигнат конкретни цели.

Графичките дизајнери треба да ги разберат потребите и целите на нивните клиенти за да создадат визуелна комуникација што може да ја задоволи таа потреба. Треба да решаваат проблеми, да раскажуваат приказни и да создаваат значајни врски меѓу брендовите и нивната публика.

Во денешниот свет, графичките дизајнери користат визуелни концепти и дизајнерски елементи за да поттикнат конверзии – основната причина зошто компаниите на прво место ангажираат дизајнери.

 

2. Треба сериозно да бидете спремни за соработката

Ако изберете кариера во графички дизајн, ќе морате соработувате со други луѓе и нема да може да се чувствувате посесивно за вашите дизајни или вашите идеи.

Кога се работи со поголеми компании дизајнерите, програмерите и маркетинг тимот треба тесно да соработуваат. Изненадувачки е, но и возбудливо да се види колку многу може да се постигне преку тимска работа.

Дури и ако станете freelance графички дизајнер, ќе бидете во постојана соработка со клиентите, приспособувајќи ја вашата работа да одговорите на повратни информации на публиката. И дизајнерите кои работат во агенција, ќе поминат време во соработка со засегнатите страни, како и со други графички дизајнери и маркетери.

3. Патот за кариера во графичкиот дизајн може да оди во многу правци

Ако ги прашате графичките дизајнери каде работат, веројатно ќе добиете различни на одговори, вклучувајќи работи како агенции, големи компании и хонорарци. Позициите за графички дизајн се појавуваат во сите видови на бизниси. Некои графички дизајнери работат за една компанија долго време, додека други работат само на проекти.

Може да биде и возбудливо и збунувачки кога се обидувате да влезете во индустријата. Постојат бројни можности на полето на графичкиот дизајн, од работа во агенција до хонорарен или започнување сопствен бизнис. Очекувајте да работите напорно за она што го сакате и да ја изградите вашата мрежа исто како што прават професионалците во други области.

 

4. Не е секој проект вистинскот проект за вас

Пронаоѓањето на клиентот и дизајнерот е слично како и секоја друга блиска врска. Стиловите, темпераментите и вредностите треба да се надополнуваат еден со друг.

Иако можеби нема секогаш да ги имате простор да направите избор, обидете се со клентот да поразговарате за целосната слика на прокетот и концептот, тоа може уште на самиот почеток со клиентите да ви помогне да одлучите дали сакате да го преземете проектот.

Подобро е за сите – и многу попријатно – кога вие и клиентот сте на иста бранова должина.

5. Успешен графички дизајнер е и моќен во комуникација

Вие знаете колку долго ќе трае еден проект – сите чекори од почеток до крај. Знаете како веројатно ќе се одвива дизајнот на производот. Вашиот клиент или шеф не мора да ги знае овие работи.

Кога клиентите бараат навидум мали прилагодувања на веќе изработеното, тоа веројатно не е нешто што можете да го поправите за само неколку минути иако тие најверојатно очекуваат тоа да биде сработено веднаш. Дизајнот бара многу време и грижа, а понекогаш ќе треба да му го објасните ова на нетрпеливиот клиент повеќе од еднаш.

 

6. Не мора да бидете неверојатен уметник

Ова може да биде шокантно. Многу графички дизајнери доаѓаат на терен од љубовта кон уметноста. Но, тоа во никој случај не е услов. Не мора да бидете уметник за да бидете графички дизајнер.

Во реалноста, графичкиот дизајн е толку широко поле што секој може да ја најде својата ниша во него. Ако не сте талентирање за цртање или фотографијата, сепак можете да бидете извонредни во графичкиот дизајн.

7. Вашиот стил ќе се развива со текот на времето

Понекогаш креативните работни места создаваат притисок за посебен стил или естетика, но вашите вештини и преференции ќе растат како што стекнувате искуство. Верувај во себе! Искуството со кое ќе се стекнувате со работа на различни проекти ќе ви помогне да изградите сопствен стил.

 

8. Никогаш не престанувате да учите

Кога работите графички дизајн не е важен само вашиот стил кој ќе го изградите, многу е важно и да се надградувате, да бидете во тек со новите трендови  и апликации за дизајнирање.

 

Доколку графичкиот дизајн е вашата страст искористете ги вашето слободно време и енергија правилно, започнете со учење, запишете се на нашата академија за графички дизајн!

SPIN TO WIN!

  • Испобај си ја среќата за да добиеш ваучер за било која од нашите академии!
  • Едно вртење од маил.
  • Без мамење!
Сврти го тркалото