fbpx

Стефан Аќимовиќ – Ментор на Академија за Графички Дизајн

Aug 17, 2023 | Новости | 0 comments

Запознајте го Стефан, дизајнер со огромно искуство кој своето знаење несебично ќе го сподели на Академијата за Графички дизајн во Change Academy. Затоа направивме интервју, за сите заинтересирани да учат Графички Дизајн да знаат што ги очекува на самата Академија. Прочитајте подолу што има Стефан да сподели!

Здраво Стефан, за почеток кажи ни повеќе за тебе?

Здраво, јас сум Стефан, сениор графички дизајнер со 10 годишно професионално искуство позади мене во мултимедија дизајн и комуникација. Идејата преточена на лист хартија а потоа и реализирана во реален проект отсекогаш ме фасцинирала и ме мотивирала да создавам и концептуализирам нови идеи и правци во дизајнот. Секогаш сум во потрага по нешто ново во дизајнот и креативноста, нешто што ќе ме фасцинира и натера да застанам и воодушевувам на дизајнот и мисловниот процес кој минувал низ креаторот. 

Кажи ни за графичкиот дизајн, и неговото значење во 2023?

Графичкиот дизајн стана незаменлива гранка во буквално секој можен бизнис и постоење. Не сме ни самите свесни колку е само присутен и во најмалите работи околу нас. Без графичкиот дизајн светот би бил црно-бел. Мозокот реагира на патерни, смисла и убавина, а ние како графички дизајнери сме тука да му го понудиме тоа на светот. 2023 година до сега е една од најдобрите кога се работи за потребата по графички дизајнери и обемот на работа која ја имаме. 

Што опфаќа Академијата, и како е концепирана програмата?

Академијата опфаќа целосна слика и стекнување на основнот и напредно знаење во полето на дизајн и алатките за дизајнирање. Програмата е наменета за апсолутни почетници со желба за учење и креативност која сакаат да ја надоградат. Се состои од два главни дела, Adobe Photoshop и Adobe Illustrator. Доброто познавање на овие алатки е пресудно за конкурирање на работно место како графички дизајнер и понатамошно усовршување. Секако ќе бидат и опфатени најновите трендови и совети од експерти.

Како ќе се одвиваат предавањата, и што може студентите да очекуваат на часовите?

Предавањата се хибридни, реални и употребливи во вистинскиот свет. Од основна теорија на бои и историја на графичкиот дизајн до основите на дизајнот, како да размислувате како дизајнер и стекнете со работно место. На часовите очекувајте ме насмеан и подготвен да помогнам. Почнуваме од самиот почеток каде што со помош на дизајнерските алатки ќе ве водам и објаснам целиот процес и интерфејс. 

Порака до оние кои сакаат да започнат со учење Графички дизајн на нашата Академија?

Постои поговорка – Најдоброто време да посадите дрво е пред 20 години, а ако не сте го направиле тогаш – направете го денес, така и за графичкиот дизајн. Сведок сум дека од година во година, дизајнерите се се побарани и ценети. Тоа секако ни оди во прилог, наше е само да бидеме креативни и вредни.

SPIN TO WIN!

  • Испобај си ја среќата за да добиеш ваучер за било која од нашите академии!
  • Едно вртење од маил.
  • Без мамење!
Сврти го тркалото