fbpx

Интервју со  Милена Ѓуроска, студент на Академијата за дигитален маркетинг

Mar 5, 2024 | Новости | 0 comments

  • Здраво Милена, кажи ни нешто повеќе за тебе!

Јас сум средношколка, по струка правен техничар и моментален студент на академијата за дигитален маркетинг. Мојата главна одлика е тое што сакам постојано да се надградувам и да учам нови работи од различни полиња

  • Дали имаш хоби и како го поминуваш слободното време? Дали се соочуваш со предизвици за да најдеш доволно време да се посветиш на академијата и  како се справуваш со нив?

По природа сум личност што сака денот да и биде исполнет , па така имам различни хобиња како читање книги, сликарство, самоедукација, а сакам да пробувам и нови работи. Но сметам дека организацијата на времето е многу важна животна вештина што секој треба да ја умее и користи. Има денови кога имам навистина бројни обврски со моето школување и академијата, меѓутоа секогаш постои начин да се организираат обврските и најбитно да се завршуваат навремено. Клучот е добра организација.

  • Што те плашеше пред да се запишеш на академијата?

Мојата возраст. Мислев дека ќе ми биде тешко да се вклопам и сепак успешно да го совладувам материјалот, но од друга ја сфатив како предност затоа што сметам дека секогаш е погодно време да се инвестира во себе си. Она што ме води низ цел овој процес е мојата упорност и љубов кон она што го правам.

  • Што мислиш за програмата и менторот?

Првенствено ми се допаѓа тоа што не ми беше потребно предзнаење кога почнав, а потоа најголемиот дел од работите кои ги учиме можеме практично да ги видиме и испробаме. Добро скоцкана програма е многу важен фактор, но кога имаш и одличен ментор тоа е  веќе успех. За нашиот ментор сум неизмерно благодарна што ми пружи шанса, мотивација и влеа верба во мене дека моите години воопшто не се пречка да го остварам замисленото. Сметам дека она што го прави поразлично од останатите е што не се плаши да го сподели сето свое знаење и искуство со нас. Она што би го научив од него е дека конкуренцијата не претставува пречка, туку прилика да бидеме подобри.

  • Која е најинтересната работа до сега што ја имаш научено на академијата?

Креирање и осмислување на кампањи за социјалните мрежи. Интересно беше што имавме прилика самите  да го направиме тоа, од поставување на цели, па се до креирање на содржина и испробување нови идеи. На тоа гледам како простор да ја искажам својата креатива и како слобода за испробување на нови работи. И не само што беше интересно, туку и можност за стекнување искуство преку практична работа.

  • Дали откако почна да го изучуваш дигиталниот маркетинг  се пронаоѓаш себе си во него?

Да бидам искрена иако на почетокот ми беше малку страв, знаев дека ќе се пронајдам себе си затоа што дигиталниот маркетинг пред се е динамична професија и никогаш не може да ти биде здодевно. Можеш да бидеш свој и да вградуваш свои идеи и замисли бидејќи постојано напредува како професија. Во дигиталниот маркетинг воопшто не се плашам од грешки затоа што знам дека тие само ме искачуваат една скала погоре. И уште една многу голема предност за мене, дигиталниот маркетинг ти дава слобода доколку си личност која не сака да работи регуларни 8 часа.

  • Каде се гледаш себе за 5 години од сега?

За 5 години се гледам како го продолжувам моето образование и работам како дигитален маркетер за да стекнам искуство кое би го имплементирала во понатамошните цели. Но се разбира моите амбиции не престануваат тука, сигурна сум дека еден ден би имала свој бизнис кој напредува во ерата на дигиталниот маркетинг.