fbpx

Интервју со  Драгана Ристеска, студент на Академијата за дигитален маркетинг

Mar 26, 2024 | Новости | 0 comments

 

  • Здраво Драгана . Кажи нешто повеќе за тебе?

Здраво, јас сум Драгана Ристеска, студент апсолвент на Филозофски факултет. Имам 22 години и започнав со изучување на академијата за дигитален маркетинг на Change Academy од причина што идеалната работа за мене е дигиталниот маркетинг.

  • Дали имаш хоби и како го поминуваш слободното време? Дали се соочуваш со предизвици за да најдеш доволно време да се посветиш на академијата и  како се справуваш со нив?

Слободното време најчесто го поминувам во дружба на кафе и слично со пријателите, патувам Охрид-Скопје во зависност од обврските на факултет, меѓутоа планирањето на времето не ми претставува проблем, бидејќи часовите ми се флексибилно организирани, така што немам никакви пречки и имам доволно време да се посветам на академијата, впрочем не ми претставува обврска самата академија, за мене присуството на академијата ми овозможува пред се` учење преку забава, игра и навистина ме исполнува.

  • Што те плашеше пред да се запишеш на академијата?

Пред да се одлучам да се запишам на академијата, имав страв од тоа да не не се снајдам, бидејќи немав никакво почетничко искуство, многу термини од самата терминологија не ми беа познати, исто и алатките кои се користат, меѓутоа уште на стартот на часовите сфатив  дека стравовите се непотребни, бидејќи на академијата за дигитален маркетинг не е потребно никакво претходно искуство, се` учиме во моментот чисто и јасно.

  • Што мислиш за програмата и менторот?

Програмата како што кажав, е адаптирана за секој, и за почетници и за луѓе кои сакаат да се усовршат во кариерата. Исто така е приспособена за сите од аспект на присуство, има комбиниран пристап- online следење на настава и настава со физичко присуство. Нуди знаење низ интересни начини на совладување на трендовите на дигиталниот маркетинг, преку работа на реални проекти, игри и самостојни проекти, благодарение на менторот Андреј Рудовски кој е професионалец во своето поле на дигиталниот маркетинг. Достапен во секое време за помош и навистина се здобив со квалитетни вештини кои на дигиталната ера се многу потребни.

  • Која е најинтересната работа до сега што ја имаш научено на академијата?

Најинтересен модул кој го изучувавме на академијата ми беше Social Media Marketing, и алатките кои помагаат да таргетираме идеална Buyer Persona, како и целиот процес на рекламирање на одреден производ или услуга на социјалните мрежи.

  • Дали откако почна да го изучуваш дигиталниот маркетинг  се пронаоѓаш себе си во него?

Апсолутно да, запишувањето на академијата за дигитален маркетинг ми ги поткрепи амбициите што ги имам за во иднина.

  • Каде се гледаш себе за 5 години од сега?

Во однос на професионално поле, за 5 години од сега се стремам да бидам успешен дигитален маркетер на социјални медиуми.