fbpx

Интервју со Давид Крстески, студент на академијата за Графички дизајн

Mar 30, 2024 | Новости | 0 comments

  • Здраво Давид, претстави се, кажи ни нешто повеќе за себе!

Јас завршив со средно образование претходната година и решив понатака да се едуцирам во светот на ИТ. Од секогаш ме интересирала технологијата и сум се сметал за креативна личност, па со запишување на графички дизајн, двата интереси ми се преплетуваат во еден.

  • Што те привлече да се запишеш на академијата за Графички дизајн и дали мислисш дека си направил вистински избор?

Запишувањето на академијата за графички дизајн ме привлече поради тоа што е голем предизвик за мојата креативност и начин на кој што ќе го надградам своето знаење. Верувам дека нуди совршена средина за усовршување на моите вештини и учење од професионалци. Уверен сум дека го направив вистинскиот избор бидејќи програмата ми обезбеди непроценливо знаење и искуства кои верувам дека ќе постават цврста основа за мојата идна кариера во графичкиот дизајн

  • Што те плашеше пред да се запишеш на академијата?

Пред да се запишам во академијата, бев исплашен од новата и предизвикувачка околина и од тоа дали ќе можам да ги исполнам барања и очекувања на менторот и програмата. Сепак, мојата страст кон графичкиот дизајн и желбата за учење преодвладаа над стравовите.

  • Која е најинтересната работа до сега што ја имаш совладано на академијата?

Најинтересната работа со која се стекнав на академијата до сега е всушност способноста да се воочи секој детал од кој е составен секој дизајн, бренд или лого.

  • Што мислиш за програмата и менторот?

Програмата е добро структурирана и практична, обезбедувајќи здрава основа за кариера во графичкиот дизајн. Менторот е одлично посветен и организиран, нудејќи идеи и поддршка.

  • Каде се гледаш себе за 5 години од сега?

За пет години, се надевам дека ќе бидам графички дизајнер или ќе водам сопствено дизајнерско студио, ќе ги усовршувам моите вештини и ќе го предадам моето знаење на следните генерации на млади и амбициозни дизајнери.