fbpx

Што прават и како заработуваат софтвер тестерите

Apr 3, 2023 | Новости | 0 comments

Доколку некоја компанија сака да успее во оваа дигитална ера секогаш треба да внимава на искуството кое корисникот ќе го има користејки ја нивната веб-страница или апликација. За жал, не секоја апликација или веб-страна обезбедува беспрекорно, интуитивно или привлечно корисничко искуство. Паѓањето на веб-страници може да биде хаотично. Пропустите во софтверот на веб-страната или апликацијата можат да ги избркаат корисниците. Сигурно и вие некогаш сте се изнервирале од ова. Дали знаете дека доколку станете софтвер тестер, можете да обезбедите непречено функционирање на веб-страниците и апликациите? Дознајте повеќе за тоа што прават и како заработуваат софтвер тестерите во оваа објава.

Што е софтвер тестер?

Софтвер тестер е некој кој ја тестира апликацијата или веб-страната за да се осигура дека работи правилно. Тие се обидуваат да спречат неисправните апликации или други технологии да стигнат до клиентот. Софтвер тестерите го постигнуваат ова со извршување на различни рачни и автоматизирани тестови додека производот е во развој. Целта е да се проверат сите сценарија и работни текови кои се опишани во барањето од клиентот или дизајнерот на апликацијата со цел да се осигуриме дека софтверот функционира според тоа што е очекувано. Дел од тестовите подразбира и да се обидете да направите веб-сајтот или апликацијата/софтвертот да не функционира, а потоа за тоа се известуваат програмерите одговорни за тој софтвер за да направат корекции на производот пред да излезе на пазарот.

Што прават софтвер тестерите?

Тестирањето на квалитет е суштински дел од развој на софтверот. Тоа осигурува дека производот е што е можно поквалитетен. Списокот подолу прикажува неколку начини на кои софтвер тестерите придонесуваат за организациите за кои работат:

  • Тестирањето на квалитетот заштедува време и ја зголемува ефикасноста. Тестирањето за софтверот во текот на неговиот развој може да ви помогне да ги идентификувате проблемите порано. Помалку комплицирано да се поправат грешките и другите проблеми во почетокот на животниот циклус на производот. Исто така, на програмерите им е полесно да го приспособат кодот на кој работеле неодамна.
  • Софтвер тестерите помагаат да се заштити угледот на брендот. Тестерите ги користат своите вештини за да предвидат што може да тргне наопаку и да спречат тие работи да се случат. Ова го заштедува бизнисот од лансирање производ кој има дефекти, кој паѓа кога премногу луѓе го користат одеднаш или на било кој друг начин обезбедува негативно корисничко искуство (UX).
  • Тестирањето на софтверот е од суштинско значење за безбедноста на производот. Тестерите не само што се трудат да бидат исполнети очекувањата на корисниците, тие проверуваат и дали се следат насоките на владата и индустријата. Тие следат конкретни процедури за тестирање, документирање, оценување и известување за нивните резултати.

Тестирањето на софтвер обично се прави во циклуси низ развојот на производот. Вашата работа како тестер вклучува неколку одговорности. Прво, без разлика дали правите рачно или автоматско тестирање, ќе треба да знаете како да планирате да тестирате, да го развивате тестот и да ги оценувате и документирате резултатите од истиот. Заедно со прегледување на процедурите за тестови и развој на скрипти, ќе истражувате нови технологии, алатки и процедури за тестирање. Работејќи од блиску со производот, тимот за развој и другите засегнати страни во процесите на тестирање, ќе се погрижите производот да е со одличен квалитет.

Зошто да се одлучите да станете софтвер тестер

Во време кога сите индустрии се стремат да развиваат производи и обезбедуваат услуги преку Интернет, тестерањето на квалитетот на софтверот има важна улога. Американското биро за статистика на трудот (BLS) предвидува раст на работните места од 25 проценти во следните неколку години. Оваа бројка се преведува во околу 411.400 нови работни места. Во рамките на полето за софтвер тестирање, можете да преземете различни работни улоги како : QA инжењер, менаџер за тестирање, тест инжењер, тест аналитичар, итн.

Колку заработуваат софтвер тестерите?

Просечната вкупна годишна плата во САД е 72.662 УСД. Според it.mk  медијана на нето плата на софтвер тестер во нашата земја се зголемила од 47.000 во 2019 на 80.000 во 2022, што е пораст од 70%.

Кои вештини ми се потребни за да бидам софтвер тестер?

Разбирањето на софтверот е од клучно значење. Иако не треба да го совладате програмирањето за да бидете софтвер тестер, сепак е потребно да завршите академија за Manual software testing. Софтвер тестерите имаат разновиден опсег на одговорности кои бараат широк сет на вештини, да  пронајдат грешки, да се осигураат дека крајниот производ е лесен за ракување на корисниците. За да ги имате најдобрите квалификации и вештини како софтвер тестер, треба да ги земете предвид следните вештини како „суштински работи“ за прецизно, активно и успешно тестирање на кавлитетот на софтверот:

  • Разбирање на софтверот Како софтвер тестер, разбирањето како работи софтверот ќе ви даде голема предност бидејќи работодавците ќе дознаат дека разбирате како еден софтвер се гради. Една од најдобрите причини зошто е паметно да се биде умешен во кодирањето како софтвер тестер е тоа што луѓето кои добро знаат да кодираат обично имаат добри вештини за расудување.
  • Вештини за решавање проблеми Не само што служи за наоѓање грешки во кодот, тестирањето софтвер служи за давање приоритет на грешките што се најважни за решавање. Тестерите кои можат да идентификуваат кои грешки придонесуваат за најголеми проблеми во кодот, се најдобро позиционирани, за да откријат на што треба да се даде приоритет за да се создаде одлична апликација.
  • Дисциплина Тестирањето за квалитет може да биде многу повторлив процес, така што лесно е да се изгуби фокусот. Бидејќи голем дел од работата може да изгледа како повторлива, тестерите треба да бидат дисциплинирани за да ја завршат добро работата. Пронаоѓањето грешки може да биде процес кој одзема многу време, особено кога тестирате голема апликација од повеќе комбинации на хардвер и софтвер.
  • Ефективни комуникациски вештини Понекогаш постои заблуда дека тестирањето софтвер е процес кој не вклучува многу комуникација или соработка. Во реалноста, тестирањето всушност вклучува многу комуникација помеѓу засегнатите страни на проектот за да добијат идеален производ.

Ако сте заинтересирани за кариера како софтвер тестер пријавете се веднаш да се запишете на нашата академија за Manual software testing и остварете попуст од 200 евра. Програмата на Change academy е наменета за почетници и ентузијасти без искуство/формално образование во ИТ, и со искусен ментор, кој преку реални проекти, интересни примери и специјално подготвени вежби, ќе ве воведе во светот на агилните ИТ компании и која е улогата на тестерот во нив. Ќе учите алатки кои ги користат многу компании во нивната day-to-day работа, како и кои вештини и mindset треба да ги поседувате за да бидете добар софтвер тестер.

SPIN TO WIN!

  • Испобај си ја среќата за да добиеш ваучер за било која од нашите академии!
  • Едно вртење од маил.
  • Без мамење!
Сврти го тркалото