fbpx

Што е Front-End Developer и кои се неговите одговорности

Apr 21, 2023 | Новости | 0 comments

Што е Front-End Developer?

Front-End Developer е програмер на веб-страни кој го програмира предниот дел, односно изгледот на веб-страната. Веб-дизајнот е приказ за тоа како веб страната треба да изгледа, додека front end development е како тој дизајн всушност се имплементира на веб-страната.

Front-end програмерите користат три програмерски јазици за да го кодираат дизајнот на веб-страницата или веб-апликацијата:

  • CSS
  • HTML
  • JavaScript (React)

Што прави Front-End Developer?

Со применување на програмски јазици, означувања, дизајнрање, скрипти и рамки, Front-End програмерот создава средина за сè што корисниците гледаат, кликнуваат и допираат.

Front-End програмерот ги поврзува светот на дизајнот и технологијата. Тие го добиваат изгледот на веб страната од дизајнерите и тоа го претвораат во HTML, JavaScript (JS), CSS и/или React кодови – кои се основните елементи на развојот на предниот дел. Ова вклучува дизајн/распоред, содржина, копчиња, слики, навигација и внатрешни врски.

Сè што корисникот гледа, кликнува или користи за внесување или превземање информации на веб-страната е дело на Front-End Developer. Ова бара да се биде креативен и во тек со новостите во технологијата. Нивниот фокус е на корисничкото искуство, и од технологијата што тие ќе ја имплементираат зависи колку ќе ја постигне таа ефикасност, брзина и непречена функционалност на веб страната или веб апликацијата. Тие, исто така, се грижат да нема грешки или багови на предниот дел и дека дизајнот изгледа и функционира добро на различни платформи и прелистувачи.

Вообичаено, одговорностите на Front-End програмерите се:

  • Давање приоритет на корисничкото искуство
  • Оживување на концепт со HTML, CSS и JavaScript
  • Програмирање и одржување на интерфејс на веб-страници и веб-апликации
  • Создавање алатки кои ја подобруваат интеракцијата со веб страницата во кој било прелистувач
  • Имплементација на дизајнот за сајтови за мобилен телефон
  • Да го најде најдобриот начин за SEO оптимизација
  • Тестирање на работата на веб страната и поправка на какви било грешки

Работодавците бараат решавачи на проблеми, не само луѓе кои можат да програмираат, туку луѓе кои можат да седнат со дизајнерите на визуелно и корисничко искуство за да ги постигнат големите предизвици.

Какво е работното место на еден Front-End Developer?

Пристојните плати, високата побарувачка и безбедноста на работното место се само дел од поволностите што доаѓаат со кариерата во Front-End Development.
Според Glassdoor, Front-End Developer во Соединетите американски држави може да заработи во просек 84.235 долари годишно. Според Payscale, Front-End Developer може да заработи просечна плата од 71.350 долари годишно. Факторите како нивото на образование, искуството и сертификатите може да влијаат на опсегот на платите.

Front-End Development е кариера за која се очекува да продолжи да биде барана во годините што доаѓаат. Американското биро за статистика на трудот (BLS) известува дека работните места за програмери на веб сајтови во САД треба да пораснат за 23 проценти од 2021 до 2031 година, што е многу над просекот од 8 проценти за сите работни места. На Indeed (веб-страна за регрутирање), можете да најдете од 4 до 7 илјади огласи за работни места за front-end програмери. Тоа е огромен број кој секоја година ќе продолжи да се зголемува паралелно со технолошкиот развој.

Front-End Development е прилично флексибилно поле во однос на тоа каде и кога може да се работи. Бројот на достапни freelance работни места e исто така голем како и работните места со полно работно време.

Зошто да учите Front-end во нашата академија?

Front-end е дел од програмирање на веб страни и веб апликации со кој корисникот има најблизок, непосреден визуелен и интерактивен контакт. Се состои од компоненти кои ја креираат содржината, дизајнот и функционалноста на истите. 8-месечната програма на Change Academy е наменета за апсолутни почетници, кои по завршувањето на истата, ќе бидат спремни да изработуваат интерактивни веб страни и апликации, во согласност со најновите трендови и технологии, а преку тоа да добијат пракса/вработување во соодветни ИТ компании на junior level. Front-end React developer е една од најбараните и најдобро платени работни позиции на кои налетуваме при разгледување на огласи за вработување, а за совладување на истата, студентите ќе имаат ментор кој оваа професија ја работи повеќе од 10 години.

Предавањата се динамични, со акцент на практичниот дел од истата, а во текот на студирањето студентите се натпреваруваат за стипендии од 500 и 300 евра.

Пријавете се веднаш на овој линк.

SPIN TO WIN!

  • Испобај си ја среќата за да добиеш ваучер за било која од нашите академии!
  • Едно вртење од маил.
  • Без мамење!
Сврти го тркалото