fbpx

Зошто да учиш програмирање оваа година!

Feb 27, 2023 | Новости | 0 comments

Сите имаме слушнато за поимот “програмирање” или за професијата “програмер” и на нив гледаме како нешто квалитетно, почитувано, профитабилно, но во голема мера апстрактно и непознато. Веќе долги години сме сведоци на забрзана дигитализација која никако да дојде до некаков свој крај, или барем во некаков процес на стагнација. Дигитализацијата, и општо развојот на компјутерската технологија се случуваат постојано и неуморно во секој аспект на нашето секојдневно живеење. Секој од нас е активен корисник на смарт телефони и телевизори, социјални мрежи, online shopping, е-банкарство, бесконтактно плаќање, електронски здравствени рецепти, паметни часовници кои се грижат за вашето здравје преку мерење пулс, крвен притисок и време на физичка активност, автомобили со функции кои беа незамисливи пред 15-20 години, лансирање на приватни вселенски летала и уште многу други примери.

Позади целиот овој процес на интензивна технолошка и компјутерска револуција стојат програмерите.
Тука следува делот кој за некого е помалку, за некого повеќе апстрактен и непознат, а тоа е прашењето: Што е всушност програмирање?

Програмирање е процес на создавање насоки преку кои компјутерот или софтверот треба да изврши одредни функции. Насоките се пишуваат со соодветен код во одреден програмски јазик кој е адекватен на софтверот или апликацијата кои треба да го извршат тој код. Без разлика дали станува збор за мобилна или веб апликација, софтвер на вашиот личен компјутер или софтвер на некаков електронски уред, програмирањето овозможува непречено и квалитетно извшување на процесите, како и нивно постојано оддржување и еволуирање. За сето тоа е потребен код,  односно насоки, напишани во програмски јазик. Програмирањето главно се дели на frontend и backend програмирање. Накратко, frontend е делот од софтверот преку кој корисникот има непосреденно искуство, односно визуелен контакт со апликацијата, за кој се бара поголема креативност и аналитичност од програмерот (web developer во секојдневна програмерска комуникација). Frontent го сочинуваат програмските јазици HTML, CSS и JavaScript. Backend web developer го работи делот од апликацијата која има контакт со серверот и има задача да ги изврши сите можни логички функции на апликацијата, работата со дата бази, како и безбедност на самата апликација или софтвер. Backend програмски јазици има многу, од кои најпознати и најбарани се Python, Java, C++, .NET, PHP итн. Вообичаено овие два вида програмери работат тимски, но често се случува еден developer да биде одговорен и за frontend и за backend делот на апликацијата, а тоа е full stack web developer.

Дознавме што работат програмерите, но дали доволно знаеме за работната средина на програмерите и нивната заработка?

ИТ секторот дефинитивно работи во поинаква атмосфера и работни услови од било која друга дејност. Иако работата и задолженијата се максимално сериозни и одговорни, атмосферата во ИТ компаниите е многу опуштена и позитивна, а работното време е флексибилно. Вработените се поделени во тимови и работат на одреден проект, од негово креирање, до понатамошно оддржување и унапредување на истото доколку е тоа потребно. Компаниите прават напори своите вработени да бидат максимално задоволни од секој аспект, професионално, материјално, психо-физички. Се внимава на одбирањето на  работните простории, модерни канцеларии со кровни тераси и атрактивни локации, ергономски работни позиции, реквизити за одмор и рекреација на вработените за време на работните паузи, приватно здравствено осигурување, месечни фитнес членства, константни едукации за лично и професионално надоградување, непречен кариерен развој, па се до финансиските услови кои се дефинитивно над просечните месечни примања. Според неколку извори, просечната плата на full stack web developer во Македонија изнесува 62.000 денари месечно, додека во САД, просечна годишна плата за истата професија изнесува 85.500 долари.
Постојат неколку кариерни нивоа за програмерите во ИТ секторот, а тоа се: intern, junior, middle, senior и Team Lead, а напредувањето од едно на друго кариерно ниво се случуваат за релативно брзо време, со константна помош од колегите кои се едно ниво над вас.

Од горенаведените причини, програмерите од една страна се максимално почитувани од работодавачите и од опкружувањето, но исто така и многу барани на пазарот на трудот, па затоа скоро и да не постои ИТ компанија која нема активен оглас за вработување на нов професионален кадар.

Постојат неколку начини како се станува програмер (web developer). Еден од начините е секако формалното високо образование на релевантните факултети, за кој се потребни неколку години студирање, после кое студентите се спремни за пракса/вработување во ИТ компанија. За разлика од формалното образование, еден од најпрактичните начини за влез во ИТ секторот се кратките и конкретно насочени академии –програми на Change Academy.

Change Academy е академија за ваша кариерна промена кон ИТ секторот, која има целосно организиран процес како се станува junior web developer од апсолутен почетник за само 7 месеци студии и 3 месеци пракса во локална ИТ компанија.

Студентските програми се интерактивни и компетитивни, креирани во соработка со респектирани ИТ компании и истите се наменети за комплетни почетници кои после 7 месеци едукација и 3 месеци пракса, би станале вешти програмери во различни програмски јазици и технологии кои се најбарани на пазарот. Процесот на студирање се одвива online или со физичко присуство, во зависност од желбите на студентите.

Клучен фактор во целиот процес се и менторите кои се сениори во своите области, и истите се целосно посветени кон вашиот студентски напредок, несебично споделувајќи ги своите технички вештини како и лични искуства за ваше полесно инкорпорирање во ИТ секторот.

За време на студирањето, повеќе време се посветува на практичниот дел од наставата, каде преку вашите домашни задачи и работата на реалните проекти со менторите го градите својот GitHub профил, за навреме да бидете подготвени за процесот кој следи после академијата, а тоа е кариерен тренинг за soft skills со HR-от на академијата, изработка на професионално CV  и пракса во локална ИТ компанија за студентите кои испешно ќе ги завршат сите модули на академијата.

Освен програми за Full stack web development, Change Academy има стручни програми и за Frontend Javascript development, Software testing, Дигитален маркетинг и Графички дизајн.

Без разлика дали сакате да почнете комплетно нова кариера, да изградите веб страница или апликација за вашиот личен бизнис или едноставно сте средношколци кои во моментов размислувате за вашето кариерно насочување, Change Academy е местото каде ќе се остварат вашите цели.

Code your freedom!

Повеќе детали околку програмите на академијата можете да најдете на www.changeacademy.mk