fbpx

Запознајте ја Ања Ристовска – ментор по Manual Software Testing

Apr 4, 2023 | Новости | 0 comments

За почеток кажи ни нешто повеќе за себе

Здраво 😊 Јас сум Ања Ристовска и сум софтвер тестер и скрам мастер во ИТ компанија во која 6 години работам на различни проекти, кои ги опфаќаат сите фази на SDLC. Во последните неколку години работам на проекти фокусирани на развивање на APIs и тестирање на истите. Својот ентузијазам и пасија за тестирање, пристап и техники на тестирање го имам пренесено на повеќе junior колеги, со принципот EL5 (explain it to me like I’m 5), без претпоставки за претходни познавања на тематиката и претставување на теоријата на интересен и динамичен начин. Ќе ми биде задоволство истото да го споделам со идни ИТ колеги кои сакаат да направат промена во нивниот кариерен пат.

Зошто тестирање на софтвер?

Кариерата ја започнав на позицијата поддршка на софтвер, но мојата пасија ‘to break the system’ и пристапот на DeeDee (од Dexter’s Laboratory): What does this button do? ме насочија во професијата која ја работам денес. Отсекогаш сум била фасцинирана од технологија, и како таа може да ни го направи животот полесен, повозбудлив и поорганизиран. Но сепак, постојат апликации кои ни се многу тешки за користење. Или не се секогаш достапни. Или не процесираат информации на безбеден начин. Можеби сте чуле за Тикток предизвикот каде поради дефект, беше возможно да се стартува Киа возило со помош на USB. Или неколку пати кога Инстаграм апликацијата не е пристапна за голем број на корисници поради различни дефекти. Сите овие работи се нешто што може да се избегнат со соодветно тестирање на софтверот пред тој да биде пуштен во употреба на крајниот корисник. Мојата пасија за висок квалитет, размислување како краен корисник и добра организираност во работата се дел од нештата кои ме водат во професијата. На академијата ќе ви го пренесам своето искуство и начин на размислување и како понатаму да го примените во вашата кариера во ИТ индустријата.

Што претставува академијата за софтвер тестирање и што може да очекуваат студентите по завршување?

Оваа академија ќе ве воведе во светот на софтвер тестирање во агилна методологија. Ќе ги научите основите на тестирање, како и целиот процес од анализа на барање од клиент, припрема на тест сценарија, пишување на тест кејсови, извршување на тест кејсови, наоѓање дефекти, пријавување и ретестирање на функционалноста откако истите ќе бидат поправени од девелоперот. Ќе ви го пренесам целиот SDLC процес во една ИТ компанија која работи по Agile methodology, кои се процесите и улогата на тестерот во истата. Во практичниот дел ќе се запознаете со алатки за тест менаџмент и дефект менаџмент кои се често користени од ИТ компаниите, како и алатки за тестирање на APIs, вовед во датабази и тестирање на перформанс на апликација. Предавањата ќе бидат динамични, со практични вежби кои ќе ви помогнат за полесно да го совладате материјалот. И секако, јас ќе бидам со вас every step of the way, да ви помогнам го насочите вашиот mindset како тестер, да ги совладате потребните вештини и да ги научите потребните алатки кои ќе ви ги отворат вратите кон ИТ светот.

Што го прави еден софтвер тестер добар?

Мора да имате добар фокус за детали и да имате високи критериуми за квалитет. Некогаш, некои работи можат да изгледаат дека се добро направени, но при поблиска анализа, да откриеме дека и баш не функционираат или изгледаат како што очекуваме. Нашата цел е секогаш да се стремиме за највисок квалитет на производот за кого даваме ‘гаранција’. Квалитетот на софтверот е одговорност на целиот тим кој работи на него, но софтвер тестерот е тој кој ја прави последната проверка дека истиот работи како што е замислено во фазата на дизајн. Да се биде љубопитен е исто така ‘неопеана’ доблест на добар тестер. Зошто ова функционира вака? Откако дефектот е поправен, дали оваа функционалност која е сродна со таа што ја тестирам сеуште работи како што треба? Што ќе се случи ако го направам ова? А ова? А што ако ги направам овие две работи одеднаш? Колку повеќе сценарија се покријат при тестирање, и колку сте покреативни во смислување на истите, толку се помали шансите дека апликацијата ќе има дефект при користење после пуштање во употреба. Постојаното учење е нешто кое се подразбира за секој кој ќе одбере кариера во ИТ. Технологиите се менуваат постојано, па мора да бидете подготвени да учите и прилагодувате на тие промени. Вашето знаење за софтверот кој го тестирате и за крајниот корисник ќе направат разлика во ефективност на вашите тестови. И секако, добра организација. Колку поорганизирани се вашите тестови, толку поефикасни ќе бидете во вашата работа. Не постои целосно истестиран софтвер, и времето за тестирање секогаш ќе биде ограничено, но со добра организација можеме да се осигуриме дека се проверени најприоритетните и бизнис критични сценарија пред да ја одобриме апликацијата за release.

Дали е лесно да се најде работа како софтвер тестер?

Во моментов во Македонија, ИТ индустријата е една од најбрзо растечките. Како и во секоја индустрија, има различни професии кои можете да ги имате во ИТ, а тестирање на софтвер е еден од најбрзите начини да се започне кариера. Во секој даден момент има огласи за тестери со различно ниво на искуство. Но сепак верувам дека како и за секоја професија, љубовта кон работата, кон вашиот ‘craft’, е тоа кое ќе ви осигура позиција во било која компанија. Со постојано учење, надоградување, следење на промени, т.е. подразбирање дека промената е единствена константа, позитивен став кон процесите и добра комуникација со членовите во тимот, сигурна сум дека вашиот успех ќе биде загарантиран.

SPIN TO WIN!

  • Испобај си ја среќата за да добиеш ваучер за било која од нашите академии!
  • Едно вртење од маил.
  • Без мамење!
Сврти го тркалото